Болницата во Куманово вработи 24 специјализанти

 


Општата болница во Куманово вработи 24 специјализанти, соопштија денеска од здравствената установа. Како што информираа надлежните од болницата, вработени се специјализанти во речиси сите оддели, хирургија, ортопедија, педијатрија, гастроентерохепатологија, гинекологија и акушерство, дерматовенерологија, ендокринологија, пулмологија и алергологија, кардиологија, интерна медицина, пластична и реконструктивна хирургија, оториноларингологија, офталмологија, уролошка хирургија, психијатрија и ортопедија.

 - Очекуваме да се намали недостигот од кадар во здравствената установа, граѓаните да добијат ефикасна здравствена грижа. Имаме уште четири места, бидејќи како установа добивме можност за вработување на 28 специјализанти, што е најголема бројка во Македонија, изјави директорот на Општа болница - Куманово, Сашо Стошевски.

Огласот за вработување на специјализанти беше распишан на 1 април, заврши на денот на здравството - 7 април, следеше период на тестирање на специјализантите на факултетот во Штип, интервјуа.

Општа болница покрива територија на шест општини од североистокот и обезбедува секундарна здравствена заштита за Липково, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Кратово и Ранковце со приближно 200.000 граѓани. Во близина се три гранични премини, меѓу нив „Табановце“ како најфреквентен и затоа, како што беше посочено, надлежните ќе преземат мерки за подобрување на функционирањето за итните случаи. 

10.06.2025 - 16:53

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега