(ВИДЕО) Убиецот испукал само еден истрел, испливаа снимки како обезбедувањето го носи Кирк во автомобил
Конзервативниот активист и коосновач на Turning Points USA, Чарли Кирк, подлегна на повредите здобиени кога беше убиен во американската држава Јута во среда.
Кирк беше застрелан додека држеше говор на отворено на Универзитетот Јута Вали. Тоа беше една од низата јавни дебати по кои беше познат, наречена „Докажи ми дека грешам“.
Голем број студенти беа присутни на собирот кога во еден момент се слушна истрел.
Врз основа на снимките објавени на социјалните мрежи, може да се види како куршумот го погодил Кирк во вратот и како тој обилно крвари и паѓа на земја.
После тоа, толпата почнала да вреска и да бега.
Очевидци опишаа како виделе фонтана од крв што му блика од вратот додека ја кревал раката.
Личното обезбедување на Кирк било таму и тој бил однесен во болница со приватен автомобил, каде што бил прогласен за мртов.
Снимките на социјалните мрежи го покажуваат обезбедувањето како го изнесува Кирк од сцената и го става во автомобил.
Се чини дека стрелецот испукал само еден истрел од покривот кон Кирк, и тој бил фатален.
ФБИ соопшти дека осомничениот, кој првично бил уапсен, е ослободен и дека е во тек потрага по стрелецот.
Според Бо Мејсон, комесар на Одделот за јавна безбедност на Јута, истрелот дошол од снајперско гнездо на оддалечен покрив.
Службениците немаат информации што укажуваат дека е вмешано друго лице, изјави гувернерот на Јута, Спенсер Кокс.
Полициските службеници биле видени на местото на настанот како им покажуваат на луѓето фотографија и ги прашуваат дали го препознаваат лицето на фотографијата. Се вели дека стрелецот носел темна облека.
NEW ANGLE OF CHARLIE KIRK AFTER BEING SHOT ON COLLEGE CAMPUS#moroziyenot pic.twitter.com/IPPMT4VgoD
— Moroziyenot (@moroziyenot) September 11, 2025
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа