(ФОТО) Ова е сопругата на убиениот Чарли Кирк - поранешната Мис Аризона
Трагичната смрт на американскиот активист Чарли Кирк ја шокираше јавноста. Тој беше убиен во средата, на само 31 година, оставајќи зад себе сопруга и две мали деца.
Кирк беше во брак со поранешната Мис Аризона, Ерика Францве Кирк, со која се венча во 2021 година. Тие имаа ќерка родена во 2022 и син во 2024 година, чии имиња не ги открија за да ја зачуваат приватноста.
Во своите јавни настапи, Чарли честопати истакнуваше дека семејството е најголема вредност и дека бракот и родителството се „чин на несогласување со елитите“. Заедно со Ерика, тој водеше и подкаст во кој отворено зборуваа за предизвиците на бракот и важноста од негување на односот меѓу партнерите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа