Доктори го штитеа пациентот при операција за време на силниот земјотрес
Тројца хирурзи од една болница во рускиот регион Камчатка се пофалени како вистински херои, откако безбедносните камери снимија како храбро реагирале за време на катастрофалниот земјотрес со јачина од 8,7 степени што го погоди Далечниот Исток на Русија.
Во моментот кога тлото почнало силно да се тресе, а апаратите и осветлувањето во операционата сала се нишале, тимот извршувал сложена онколошка интервенција врз пациент кој веќе бил под анестезија и со отворен абдомен. Наместо да избегаат или да прекинат со зафатот, хирурзите храбро останале на своите позиции, покажувајќи извонреден професионализам и присебнос
На снимките се гледа како лекарите инстинктивно се наведуваат над пациентот и го штитат со сопствените тела, држејќи го оперативниот кревет стабилен за да избегнат дополнителна траума или повреда за време на потресот.
Doctors in Kamchatka kept calm during the powerful quake — and never stopped the surgery.
The patient is doing well, according to the Health Ministry#China #Tsunami #Earthquake #Russia #Hawaii #Japan #Sismo #Temblor #Tsunamiwarning pic.twitter.com/fWiVKfxNbt
— Chaudhary Parvez (@ChaudharyParvez) July 30, 2025
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа