Дурмиши: 40 милиони евра за вработување, 16.500 нови работни места со фокус на млади и пожарникари
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, заедно со претседателот на Владата Христијан Мицкоски и директорот на Агенцијата за вработување Сељатин Бељули денеска на прес конференција во Владата го презентираа Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2025 година.
„Со задоволство сакам да кажам дека оваа година за мерки за вработување одвоени се над 2,5 милјарди денари односно 40 милиони евра, што е за 7,5 милиони евра повеќе споредено со претходната година и е рекорден износ на поддршка, а со Оперативниот план ќе бидат опфатени вкупно 16.507 лица“.
Ккао што нагласи, кај сите мерки за вработување основен предуслов за вклучување во некоја од мерките е невработените лица да бидат евидентирани како активни баратели на работа во центрите за вработување.
Во рамки на мерката Поддршка за самовработување оваа година е проширена со две нови поддмерки.
Мерка-Поддршка за самовработување која се однесува на невработени лица со минимум основно образование да започнат сопствен бизнис, висината на финансиската поддршка изнесува 7.000 евра неповратни средства за започнување на бизнис, што е за 1.000 повеќе споредено со претходната година.
Новина од оваа година е подмерката Поддршка за самовработување на млади невработени лица до 29 години при што висината на финансиската поддршка изнесува 10.000 евра неповратни средства за основање на бизнис.
Новина исто така е и подмерката е Поддршка за самовработување со здружување на корисници до две лица да основаат бизнис, со што висината на финансиска поддршка изнесува од 14.000 до 20.000 евра при што 20.000 евра се однесува содружници кои се до 29 години.
Мерката вработување и раст на правни субјекти која има главна цел креирање на нови работни места и оваа година ќе бидат опфатени 1540 лица.
Оваа година како новина во Оперативниот план се мерки за подобар и побрз пристап на невработени лица со низок степен на образование и за побрза инклузија на пазарот на труд.
Нова мерка е и мерката јавни работи за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво односно пошумување. Мерката предвидува социјална вклученост на 400 потешко вработливи лица кои ќе добијат 24.000 денари
Мерката за исплата на младински додаток предвидува поттикнување на вработување на 3.500 млади лица до 23 години по завршување на средното образование со цел вработување во дејностите од област на производството.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа