(ФОТО) Делегација на СДСМ во Смилево: Слава им на хероите, илинденците, партизаните, револуционерите

 

 

По повод големиот празник 2ри август - Денот на Републиката,  делегација на СДСМ предводена од потпретседателот Методија Илиевски,  организациониот секретар на СДСМ-Љупчо Фармаковски и претседателот на ОО на СДСМ од Кичево-Оливер Несторовски присуствуваа на чествувањето на празникот во селото Смилево, положија свежо цвеќе и оддадоа почит пред спомен обележјето - могилата на Даме Груев, споменикот на смилевските Илинденци, на спомен-плоча на партизанскиот одред "Даме Груев" и споменикот на Даме Груев во спомен паркот.

Слава им на хероите, илинденците, партизаните, револуционерите! Нека е за многу години Илинден!, велат од партијата.

 

02.08.2025 - 13:08

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега