Со четирицикл се забил во паркиран трактор - младо момче итно пренесено во болница
Дваесет и седум годишен жител на Дебар управувајќи четирицикл синоќа удрил во паркиран трактор при што се здобил со тешки телесни повреди.
-Синоќа во 21:30 часот во Одделението за внатрешни работи во Дебар е пријавено дека на улицата „Дебарски конгрес“, четирицикл без регистарски ознаки, управуван од А.Х.(27) од Дебар удрил во паркиран трактор. Притоа, возачот на четирициклот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница со проширена дејност во Дебар, информраше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Посочува дека полициски екипи на местото на настанот извршија увид, по што ќе следува соодветна пријава
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа