(ФОТО) Претседателката: „Галичка свадба“ ја отсликува македонската народна традиција и култура
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и годинава беше дел од „Галичка свадба“, проследувајќи ги свадбарските обичаи коишто ја отсликуваат македонската вековна народна традиција и култура, како неразделен дел од македонскиот национален идентитет.
Честитки до годинешните младенци на Галичката свадба, Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски!
Им посакувам среќен заеднички живот, полн со љубов, разбирање и деца.
Нешто што е дел од нашиот идентитет, што е единствено, никаде го нема и нѐ прави посебни – треба да се негува. Радосна сум што мнозина млади ја продолжуваат оваа традиција.
„Галичка свадба“ не случајно се одржува околу Петровден, кога во минатото печалбарите се враќале дома заради женидба и во еден ден се правеле повеќе венчавки, напиша претседателката на ФБ.
13.07.2025 - 15:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа