(ВИДЕО) Новата шведска министерка за здравство се онесвести за време на прес-конференција

 


Новата министерка за здравство на Шведска, Елизабет Лан, се онесвести за време на прес-конференцијата на која беше претставена пред јавноста, додека стоеше на сцената со премиерот Улф Кристерсон и други функционери.

Видеото ја покажува како неконтролирано паѓа напред и го влече подиумот со себе додека паѓа, по што присутните брзо доаѓаат да ѝ помогнат. Конференцијата беше прекината.

Според извештајот на новинар на Aftonbladet кој бил на местото на настанот, Лан била изнесена од собата кога се освестила. Неколку минути подоцна, таа се вратила.

- Ова не беше баш обичен вторник, а вака изгледа кога шеќерот во крвта паѓа - рече министерката.

09.09.2025 - 19:36

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега