Голема акција во Битола: Уапсен дилер со кокаин и екстази, приведени уште две лица

 

Вчера во 13.20 часот во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода В.И.(24) од с.Белче, Демир Хисар, со престој во Битола.

При извршен претрес во неговиот дом во Битола, по добиена судска наредба, биле пронајдени  13 паковки со кокаин, 143 таблети екстази, марихуана, дробилки и предмети со траги од растителна и прашкаста материја. Во домот затекнати биле и М.П.(24) од Битола и М.А.(34) од Битола, кои исто така се лишени од слобода.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

29.05.2025 - 11:07

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега