Тајните на бракот на Макрон: На секој час и половина телефонски повик, Брижит го води распоредот, не спијат одвоено

 


За љубовната приказна на францускиот претседател Емануел Макрон и првата дама Брижит се зборува со години и не престанува да предизвикува внимание и полемики.

Двајцата во последните денови се во фокусот, по инцидентот што се случи на аеродромот во Виетнам кога се симнуваа од авионот, кога можеше да севиди дека таа го удира Макрон, што Елисејската палата го опиша како шала меѓу сопружниците, додека експертите за говор на тело речиси сигурно велат дека двојката била во расправија.

Емануел и Брижит се заљубиле во католичкото училиште кое го посетувал на 15-годишна возраст, каде што таа му била учителка.

Оттогаш, изгледа, не се разделуваат. Тоа го потврдуваат изјавите од неодамна објавената биографија, чија авторка Гаел Чакалоф важи за нивна блиска пријателка.

Таа го следеше парот цела година пред да ја напише книгата со наслов Tant Qu’on Est Tous les Deux (Сè додека сме заедно), а во неа особено впечатливи се изјавите за нивната блискост.

Авторката наведува дека францускиот претседател и’ се јавува на сопругата на секој час и половина. Според извори блиски до двојката, Брижит наводно е целосно посветена на својот сопруг и неговиот успех.

Таа управува со неговиот дневен распоред и на некој начин ја има улогата на негов неформален советник.

„Ниту час и половина не поминува без да се чуеме“, се наведува во книгата.

„Тие имаат заеднички календар и знаат точно што прави другиот во секое време“, се додава.

Брижит претходно изјавила дека не сака да спие одвоено од Емануел.

30.05.2025 - 09:16

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега