Грчкиот министер за одбрана: Не можеме да ја браниме Европа ако непријателот ни е внатре
Грчкиот став дека за учество на трети земји во проектот „ReArm Europe“ потребно е почитување и прифаќање на вредносната рамка на Европската Унија го повтори министерот за одбрана на Грција Никос Дендиас при пристигнувањето на Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел и посочи дека „не можеме да ја одбраниме Европа ако непријателот е во рамките на ѕидините“, јави дописничката на МИА од Атина.
– Незамисливо е во европскиот проект неселективно да учествуваат земји кои им се закануваат на други земји, а особено на членки на ЕУ, земји кои не ги признаваат другите земји, а особено членки на ЕУ, кои не ги прифаќаат самите правила на демократијата и човековите права. Не можеме да ја одбраниме Европа ако непријателот е во рамките на ѕидините, рече Дендиас.
На состанокот, како што информираа од Министерството за одбрана на Грција, министрите размениле мислења за одбранбената подготвеност на Европската Унија и приоритетните области 7+2, кои во голема мера се совпаѓаат со „Агендата 2030“ на грчките вооружени сили, како и за спроведувањето на планот ReArm Europe.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа