Хорор ја потресе Македонија: Во монтажен контејнер пронајден починат маж

 


Американец е пронајден починат во монтажен контејнер во Претор, соопшти полицијата.

Вчера во 10.54 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека во монтажен контејнер во село Претор, бил пронајден починат К.Џ.С.(56) од САД – соопшти полицијата.

Увид на место извршила увидна екипа на СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

13.06.2025 - 13:37

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега