Израел започна нов бран напади врз Иран: погоден е градот Тебриз
Израелските сили започнаа напад врз северозападниот ирански град Тебриз, објавија иранските медиуми.Според извештаите, градот моментално е под „жесток напад“ од страна на израелските сили.Нападот врз Тебриз претставува проширување на израелските операции надвор од првичните цели во Техеран и други локации кои беа погодени претходно во петокот.
Explosions at Iran’s Tabriz airport. pic.twitter.com/sqkkFHRhFK— Clash Report (@clashreport) June 13, 2025
Израелските медиуми јавуваат дека Израел извршил напади врз воениот аеродром во Тебриз, кој се наоѓа во покраината Источен Азербејџан.
Канал 12 јавува дека израелските воздухопловни сили го уништиле аеродромот.Израел започна голема операција насочена кон нуклеарните постројки и воените објекти на Иран низ целата земја.Во нападите беа убиени високи ирански воени команданти, вклучувајќи го и шефот на Револуционерната гарда Хосеин Салами и началникот на Генералштабот на вооружените сили Мохамед Багери.Иран лансираше повеќе од 100 дронови кон Израел како одмазда.„Погрешната проценка и злосторствата на заколнатите непријатели на Иран и Иранците нема да останат без одговор и тие мора да очекуваат сурова и болна одмазда“, се вели во соопштението на Револуционерната гарда (ИРГЦ).ИРГК потврди дека Салами и неколку негови телохранители и соработници биле убиени во „криминален и терористички“ напад врз седиштето на Гардата додека извршувале должности за национална безбедност.Во соопштението Салами е опишан како „еден од најистакнатите команданти на Исламската револуција“ и се наведува дека тој бил убиен додека „ги бранел идеалите на револуцијата и нацијата“.Револуционерната гарда, исто така, ги обвини САД за вмешаност во нападот, наведувајќи дека „криминалниот ционистички режим ќе плати висока цена за ова злосторство извршено со знаење на подлите владетели на Белата куќа и терористичкиот американски режим“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа