Им изгоре куќата: Невладини бараат хуманитарна помош за семејство од Квадарци

 

Апел за помош и поддршка за семејство што ја изгуби куќата во пожар, упатија денеска од Центарот за невладини организации во Кавадарци. 

- Од фамилија од Кавадарци на која пред некој ден им изгоре куќа до темел, ги замолуваат сите хумани граѓани кои можат да помогнат, да донираат. Потребни се алишта за деца на возраст од две, четири и девет години, количка за бебе, храна, финансии, мебел, прозорци и врати, покуќнина. Секој што може да донира, може да донесе во Невладиниот центар во Кавадарци, поранешна дискотека „Младински“, од 8 до 16 часот, соопштија од Центарот. 

Оттаму додадоа дека веруваат во хуманоста и дека и овојпат, многу луѓе ќе донираат за помош и поддршка на ова семејство.

21.08.2025 - 17:48

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега