Во крводарителска акција во Чашка собрани 24 крвни единици
Во големата сала на ООУ „Тодор Јанев“ во Чашка денеска се одржа акција за доброволно дарување на крв во која беа собрани 24 крвни единици.
Акцијата е организирана во рамките на програмата Денот на Општина Чашка 21 август, а ја организира Општинската организација на Црвен крст Велес во соработка со екипа на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и тројца волонтери на Основната организација на Црвен крст Чашка. Крводарителската акција беше подржана од Општина Чашка и ООУ „Тодор Јанев“ во чиишто простории секое лето и се одржува веќе традиционално.
Како што информира Орце Николов секретар на ООЦК Велес, еден од дарителите во денешната акција за крводарување за прв пат дарувал крв и станал дел од најхуманото семејство во државата.
Следната акција на ООЦК Велес е закажана на 24 август од 9 до 15 часот во просториите на Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа