Измамена 83-годишна скопјанка: Дала 2.000 евра - и кажале дека ќерка и предизвикала сообраќајка

 

На 20.08.2025 во 12:40 часот во СВР Тетово, 83-годишна тетовчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 2.000 евра.

Според пријавеното лицето и се јавило телефонски и ја известило дека нејзината ќерка предзвикала сообраќајна несреќа во Скопје во која починал малолетник и доколку не сака таа да оди во затвор треба да донесе пари во Скопје.

Како што е пријавено, таа ги однела парите на договореното место, а подоцна, откако се слушнала со нејзиниот зет, сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот

21.08.2025 - 19:12

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега