Колапс на такси превозот во Атина: Цел ден без такси поради спорен закон
Такси возилата во Атина, од 15 часот до полноќ нема да сообраќаат поради новиот закон за безбедност во сообраќајот за кој денеска ќе расправа грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Синдикатот на такси превозници (САТА) соопштија дека преку денешниот деветчасовен прекин со работата го изразуваат нивното незадоволство што во новиот закон не е предвидена дозвола за такси возилата да сообраќаат во лентите наменети за автобуси.
Дополнително велат дека нема да се откажат од нивните барања, а паралелно закажаа и протест со возилата.
Таксистите во Атина, пред две седмици одржаа 48-часовен штрајк.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа