Мајка чиј син го преживеал масакрот во Грац: Ми се јави, мислеше дека ќе умре
Мајката на еден од учениците кои го преживеаа масакрот во средното училиште во Грац, за „Скај њуз“ го раскажа тажниот момент кога нејзиниот син ѝ кажал дека е во средината на пукањето.
„Ми се јави од училиште и ми рече дека има пукање. Мислеше дека ќе умре. Два часа подоцна конечно дознав дека е жив“, рече таа.
Според австриските медиуми, вооружениот напаѓач е 21-годишен поранешен ученик во училиштето. Тој отворил оган во две училници, а потоа се заклучил во училишниот тоалет, каде што властите велат дека бил пронајден мртов.
Најмалку 12 лица се повредени во нападот, од кои неколку се борат за живот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа