Коњановски: Со помошта од Владата успеавме да го развиеме градот како што граѓаните го бараат

 

Тони Коњановски, градоначалник на општина Битола, во своето гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува со вашиот градоначалник“ зборуваше за патот Скопје-Битола и укажа дека очекува што побрзо да се пушти и втората делница за да може побрзо да се стасува.

-Едната делница кај Дреново е пуштена во употреба и многу се скратува и со нетрпение и желба она што го најави Владата да ја видиме и побрзо втората делница. Верувам дека за час и половина ќе може да се стигне од Битола до Скопје. И како што кажува секогаш ВМРО-ДПМНЕ секогаш на нас останува да ги решаваме затекнатите проблеми, недоречености, неисполнети ветувања или она кое со години не можеле да го реализираат, рече Коњановски.

Коњановски во текот на своето гостување се осврна и на тоа како ја наследил општината каде посочи дека наследил затворена општина спрема граѓаните и вработените како и со блокирана општина во многу процеси.

-Тука прво би зборувал пред се во делот на функционалноста. Затекнавме општина која била затворена спрема граѓаните, но и спрема вработените. Прво што направивме беше да искористиме она кое е најдобро и да ги поставиме така работите да можеме да работиме и мислам дека успеаваме. Се соочивме со општина во која беа блокирани многу процеси во делот на урбанистичка документација, урбанистички планови, тоа беше се во застој. Првото што се зафативме легализацијата. Многу јавни набавки кои беа стопирани, се соочивме да се кочи секторот кој треба да продуцира и да работи, кажа тој.

Коњановски потсети дека откога тој за преземал општината се забележало едно силно темпо на градежна офанзива и дека неговата цел е да ја врати довербата кај младите да останат во својата држава.

-Она кое денес граѓаните го препознаваат е едно силно темпо, една буквална градежна офанзива во која од првиот ден влеговме. Сакаме да ја вратиме довербата кај младите да останат тука и јас гледам една атмосфера која од ден на ден трае од првиот мандат, вели Коњановски.

Градоначалникот Коњановски во текот на своето гостувања наброја дел од проектите кој тој ги направил.

-Нашиот прв проект кој и така го нарековме е проект на 23 улици. Веднаш се зафативме со изработка на генерален урбанистички план и тоа е во напредна фаза и очекувам дека за година тој урбанистички план ќе ја даде визијата за Битола во наредните години. Се зафативме и со она што сакавме и што го ветивме најмногу на младите многу зелени површини. Почнавме со изградба и тој денес е завршен, нов парк во Нова Битола од 20.000 квадратни метри, кој ги има сите елементи на едно парково уредување .Во меѓувреме успеавме да ги реконструираме училишните спортски терени во училиштето „Елпида Караманди“, тоа е  еден преубав  дел на градот. Се зафативме се решавање на уште еден горлив проблем во градот, тоа е прифатилиште за бездомни животни, големи се средствата кои ги исплаќаме како општини во делот на оштетени граѓани. Се зафативме со тоа прифатилиште и тоа го изградивме, е со капацитет од над 60 легла со кои може привремено да се сместат домашните животни и е направено по сите стандарди, истакна Коњановски.

На крај тој се осврна и на повиците на Владата со кои се помага на општините каде потенцираше дека тоа е многу важна помош за да се развие градот онака како што граѓаните што го бараат.

-Двата повика кои ги објави Владата со кои им се помогна на општините значи премногу за нас и е можност да го развиеме градот онака како што граѓаните го бараат, додаде Коњановски.

29.05.2025 - 09:33

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега