„Мене ќе ме утепаат“: Арсовска вели дека добива закани
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, вели дека добивала закани по нејзиниот живот.
Во гостување на ТВ 24 кажа дека не знае дали ќе живее шест дена или шест месеци.
-Се утепаа заканувајќи ми се. Ќе ме утепаат? Да... Може ќе живеам шест дена, може ќе живеам шест месеци. Јас не знам, рече Арсовска.
Непосредно пред гостувањето повторно се вклучи во живо на Фејсбук од пред Управата за финансиска полиција обвинувајќи дека закани трпи и раководителката на Секторот за урбанизам во Град Скопје.
30.05.2025 - 20:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа