Лишен од слобода мотоциклистот кој усмрти пешак во центарот на Скопје, ќе биде поднесена кривична пријава

 


Денеска (03.07.2025) во полициска станица во СВР Скопје е извршен службен разговор со Ф.Љ.(25) од Скопје, кој на 01.07.2025 околу 19.30 часот на пешачка патека во близина на ул.„Ленинова“ во Скопје, со мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот Ј.Н.(68) од Скопје, по што го напуштил местото на настанот, а од здобиените повреди Ј.Н. почина во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Денеска Ф.Љ. е лишен од слобода и по документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.

03.07.2025 - 19:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега