Македонија одигра нерешено со Белгија

 

Македонија одигра одлично и заслужено освои бод против Белгија, натпреварот заврши 1-1.

Иако резултатот е нерешен, впечатокот е дека „црвено-жолтите“ беа поблиску до победата. Елмас и Алиоски погодија по една статива, имаше две спорни ВАР-ситуации и неколку сомнителни одлуки на судијата Каванаг кои влијаеја врз текот на натпреварот.

Македонија одигра храбро, организирано и со срце, покажувајќи дека може да биде рамноправен противник и на селекции од највисок ранг.

Белгија, пак, не го оправда статусот на фаворит. Делуваше бледо и далеку од формата која ја имаше пред неколку години.

07.06.2025 - 10:36

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега