Меџити: Онлајн-казината се затвораат, отвораме пат за здрава и безбедна младина

 

Владата удира по онлајн-казината: Блокирани 226 нелегални страници, најавена системска борба против зависноста од коцкање.

Со јасна порака дека отвора пат за здрава и безбедна младина, Владата денеска најави нова серија мерки против нелегалните онлајн-казина. Како дел од приоритетите на владејачката коалиција ВЛЕН, дополнително ќе бидат блокирани 173 веб-страници што нуделе игри на среќа без лиценца, со што вкупниот број на блокирани платформи се искачува на 226.

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, истакна дека оваа иницијатива е конкретен чекор кон исполнување на предизборното ветување и дел од широка стратегија за ограничување на зависноста од коцкање.

„Оваа Влада не е сојузник на индустријата на коцка. Таа е заштитник на семејствата и младите. Блокирањето на онлајн-казината е само почеток – ќе продолжиме со системска борба против деструктивните навики кои ја разоруваат нашата социјална ткивa“, изјави Меџити.

Иницијативата е дел од заложбата за одговорни политики, кои ставаат акцент на заштитата на младите генерации и создавање здраво општество. ВЛЕН најавува нови рестриктивни мерки против игри на среќа и јасна визија: повеќе образование и спорт, помалку коцка и ризици.

11.06.2025 - 13:38

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега