(ВИДЕО) Македонец херој во авион: Спречил терористички напад, патникот извикувал „Алах Акбар”

 


Храбриот Македонец Зоран Настески успеа да совлада човек кој вчера извикуваше дека има бомба во авион на easyJet на лет од Лутон до Глазгов.

На видеото што Настески го објави на неговиот YouTube профил, се гледа како напаѓачот извикува „Алах Акбар“, а потоа е совладан од Настески, со што е спречен поголем инцидент.

Инцидентот доведе до принудно слетување на преполниот авион на аеродромот во Глазгов.

По настанот, напаѓачот бил врзан со лисици и извлечен од авионот од шест полицајци, додека преплашените патници останале во солзи.

На видеото се слуша како напаѓачот вели: „Сакав да му испратам порака на Трамп… тој е во Шкотска“.

28.07.2025 - 16:01

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега