Мицкоски: Болницата „8 Септември“ од стотици милиони долгови сега работи позитивно

 


Очекувам дека до крајот на годината ќе биде и првата хируршка интервенција отпочната и успешно завршена од ова што можам како динамика да го видам којашто се случува овдека, така што јас би сакал да спомнам уште еден факт што не го кажа директорот, можеби затоа што е скромен, а тоа е фактот дека од стотици милиони долгови сега болницата работи позитивно, односно работи во интерес прво на пациентите, а потоа и задоволството на здравствените работници коишто се тука, рече премиерот Христијан Мицкоски при денешниот увид на градежните активности во болницата „8 Септември“.

„Така што уште еднаш дозволете ми да посакам успешно завршување на овој проект, сепак во јавното здравство инвестиција од 12 милиони евра преставува нешто коешто не се случило со години и коешто се надодава на сите оние инвестиции коишто ги работат Министерството за здравство, министерот, директорот на фондот за здравствено осигурување, така што во деновите коишто следат ќе имаме уште многу промоција на објекти коишто се реновирани, реконструирани на инвестиции во здравството, така што ве повикувам да не следите заедно да направиме увид, да видиме што сѐ се случува во македонското здравство за македонските пациенти и македонските здравствени работници“, истакна Мицкоски.

11.09.2025 - 14:21

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега