Мицкоски: Ми дадоа дозвола да ги сменам оние кои отидоа во прегратките на Ахмети
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ му дал дозвола на Премиерот и партиски лидер Христијан Мицкоски да ги избере кадрите кои ќе дојдат на местото на оние кои си заминаа со Арбен Таравари
„Редовен состанок на Извршниот комитет разговаравме за актуелната економска и политичка состојба во државата. Меѓу другото, имаше и некои други кадровски прашања, подготовки за активности во периодот којшто следи.
Очекувам до крајот на месецот отприлика да излезам пред членовите на Извршниот комитет со предлози за кандидати за градоначалници. Процедурата е таква под таму оди на Централниот комитет, така што редовен состанок.
На состанокот членовите на Извршниот комитет на партијата ме овластија да во периодот којшто следи, добив практично дозвола, вака народски кажано, да номинираме нови имиња коишто ќе ги заменат имињата на оние коишто одлучија да одат во прегратките на Али Ахмети и на Демократската унија за интеграција, односно од партијата на господинот Арбен Таравари.“ – рече Мицкоски.
Премиерот не сакаше да открие имиња. Рече дека веќе идната недела ќе се знаат сите детали. Не откри ниту дали ќе си заминат сите функционери кои доаѓаат од партијата на Таравари или пак некој се решил да остане во Владата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа