Мицкоски: Одлична вест за македонската економија

 

 

Извозот во месец мај порасна за 23,44%, што за премиерот Христијан Мицкоски е одлична вест. Тој на социјалните мрежи уверува дека по година и половина пад сега конечно се бележи раст на македонската економија.

-Расте македонскиот извоз! Одлична вест за македонската економија. Во месец Мај, македонскиот извоз порасна за огромни 23,44% во евра, во услови на стагнација на европскиот пазар, а посебно предизвиците со кои се соочува автомобилската индустрија. Бележиме и раст на македонскиот извоз во првите пет месеци од 2025 година, во периодот Јануари-Мај, македонскиот извоз порасна за 3,15% во евра, споредено со увозот за истиот период кој порасна за 1%. Поголем извоз, повеќе пари за македонските граѓани. После месеци и години пад, конечно раст за македонската економија. Расте туризмот, расте БДП, расте индустриското производство, растат инвестициите, расте извозот…, богата Македонија е силна Македонија! Оваа година ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија, вели Тошковски.

 

05.07.2025 - 10:16

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега