Мицкоски: Талибански го избришаа македонскиот јазик и идентитет од извештајот во ЕУ

 

Зборвите „македонски индентитет“ и „македонски јазик“ да бидат избирашни од нацрт извештајот за напредокот на Македонија. Ваков догвор постигнале трите најголеми поилитички сили во Европскиот парламент, јави БГНЕС.

Потврда дојде и од бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.

На барање на групата на Европската народна партија, трите најголеми партии во Европскиот парламент – ЕНП, С&Д (социјалистите) и Обнова (либералите), синоќа се согласија да ги отстранат сите референци за ‘македонски идентитет’ и ‘македонски јазик’ од нацрт-извештајот за напредокот на Северна Македонија. Очекувам дека овој амандман ќе биде поддржан од мнозинството во ЕП следната недела на пленарна седница“, објави Ковачев.

Комисијата за надворешни работи на ЕП го усвои извештајот за Македонија во кој на неколку места директно се споменуваат „македонскиот идентитет и јазик“.

– „(Европскиот парламент…) го повикува Европскиот совет да ѝ даде јавна и недвосмислена поддршка на Македонија дека има намера брзо и безусловно да донесе позитивна одлука за влез во следната фаза од преговорите за пристапување по исполнувањето на условите од неговите Заклучоци од 18 јули 2022 година, целосно почитувајќи го македонскиот јазик и идентитет”.

„Ја потврдува важноста на недвосмисленото признавање и почитување на македонскиот јазик и идентитет како составен дел од наследството на нацијата, уставниот поредок, но и од европските вредности; забележува дека европските институции, во своите извештаи за земјите и официјални документи, постојано се повикуваат на македонскиот јазик во согласност со меѓународното признавање и спроведувањето на Преспанскиот договор; потврдува дека почитувањето на јазичниот, културниот и националниот идентитет е фундаментална компонента на процесот на пристапување во ЕУ и камен-темелник на демократските општества, што дополнително ќе се потврди со пристапувањето во семејството на европските нации”, стои во нацрт-извештајот.

Премиерот Мицкоски утрово на прес кофнеренција рече дека на талибански начин се избришани македонскиот јазик и идентитет од извештајот што според него е само уште еден доказ дека внесувањето на Бугарите во Уставот не е решение на проблемот и дека тој е многу подлабок, односно станува јасно дека се цели кон редефинирање на идентитетот. 
За тоа, Мицкоски ја обвини претходната Влада за која рече дека водела егзибиционистичка политика, споменувајќи ги имињата на екс шефот на дипломатијата Бујар Османи, поранешниот премиер Ковачевски и министерот за европски интеграции Маричиќ.

03.07.2025 - 12:17

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега