Мортус пијан седнал зад волан: Возач со 3,43 промили алкохол сопрен на патот Битола-Демир Хисар

 


Вчера во 19 часот на патот Битола-Демир Хисар полициски службеници  од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода В.Р. (49) од с.Обедник, демирхисарско.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди” со демирхисарски регистарски ознаки, кое го управувал В.Р. и по преземени мерки констатирано е дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,43 промили алкохол во крвта. В.Р. е исклучен од сообраќај, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од КЗ.

29.05.2025 - 11:26

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега