МВР со детали за страшната сообраќајка на патот Штип-Радовиш

 


Денеска во 08.13 часот во СВР Штип е пријавено дека на експресниот пат Штип-Радовиш, кај мостот на Балталиска река во близина на с.Лакавица, штипско, товарно возило „фиат дукато“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Струмица, а управувано од М.Д.(35) од с.Иловица, струмичко, излетало од мостот, соопшти МВР.

Од екипа на итна медицинска помош, кај три машки лица е констатирана смрт, додека возачот и уште едно машко лице со повреди се пренесени во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.

Увидот е во тек.

12.09.2025 - 10:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега