Трагедија го потресе регионот: Двегодишно девојче почина од изгореници, уапсени родителите
Во болницата во Славонски Брод, Хрватска, почина двегодишно девојче, најверојатно од изгореници. Детето било донесено во критична состојба, без знаци на живот, а реанимацијата била неуспешна.
Родителите на девојчето се уапсени, а полицијата и обвинителството спроведуваат истрага за да ги утврдат сите околности на настанот. Хрватските медиуми јавуваат дека постои сомнеж дека детето не било веднаш однесено во болница. Наредена е и обдукција.
12.09.2025 - 10:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа