„Не објавувајте фотографии од своите деца“ - мајка откри дека фотографиите од нејзината ќерка завршиле на порно сајт
29-годишната Аманда Морган, мајка на девојчиња, се шокирала кога фотографија од својата ќерка видела на порнографски сајт и одлучила да ги предупреди родителите што може да се случи ако објавуваат фотографии од деца на социјалните мрежи.
Имено, Аманда била горда на својата ќерка и со сите ги споделувала нејзините фотографии и немала поим дека нејзиното чедо е во голема опасност. Подоцна открила дека фотографиите од нејзиното бебе биле споделени на порнографски сајт.
Сој сајт украл дури 3 слики од ќерката на Аманда, кои биле исфотошопирани и девојчето било нашминкано. Кога Аманда дознала, била очајна.
„Неконтролирано плачев 45 минути. Никој не можеше да ме смири. Мислев дека јас сум виновна за тоа бидејќи објавував нејзини фотографии“, рекла очајната мајка.
„Не можев да спијам кога си го видов детето на сајтот. Се чувствував болно и тажно поради сите бебиња кои ги видов на тој сајт, а дури кога прочитав болни коментари по тие фотографии се згрозив“, рекла Аманда, која одлучила ова искуство да го сподели со целиот свет за опасноста на социјалните мрежи.
Оттогаш, Аманда ги предупредува родителите да не споделуваат фотографии од своите деца или своите социјални мрежи да ги направат да бидат приватни.
„Моето дете е секогаш облечено, на една фотографија носи џемпер со долги ракави и здолниште и не можете да видите ниту еден дел од нејзината кожа. Никако фотографиите на кои децата се голи и во када не објавувајте ги на социјалните мрежи“, советува Аманда.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа