Неделен хороскоп: Лавот добива понуда за нова работа, Стрелецот влегува во тајна врска
Дознајте што предвидува вашиот неделен хороскоп за оваа недела на работното место, во љубовта и дали ќе се сложувате со семејството.
Овен (21.3 – 20.4)
Работа: Ќе добиете поддршка од лице од повисока позиција. Неделата е поволна за интервјуа и преговори. Очекувајте повик во врска со проект што одамна го чекавте.
Љубов: Слободните се двоумат помеѓу две личности, едната од нив е од минатото. Во врска ве очекува разговор за заеднички планови, особено за патување.
Здравје: Вртоглавица поради замор.
Бик (21.4 – 21.5)
Работа: Можна е неочекувана деловна понуда поврзана со странство. Соработка со жена Рак носи успех. Можно е и кратко патување поврзано со работа.
Љубов: Не им верувате доволно на зборовите на партнерот. Можен контакт со поранешна симпатија, што ќе ви ги замати мислите.
Здравје: Болки во стомакот.
Близнаци (22.5 – 21.6)
Работа: Време е за креативни проекти. Финансии се стабилизираат по вторник. Имате можност да започнете нешто што одамна го планирате.
Љубов: Ве чека флерт со личност што ве следи на социјални мрежи. Зафатените можат да очекуваат кратко недоразбирање, но и брзо смирување.
Здравје: Внимавајте на алергии.
Рак (22.6 – 22.7)
Работа: Вашето трпение конечно ќе се исплати. Одлично време за долгорочни планови и можност за нов договор.
Љубов: Можно е познанство со некој што веќе одамна ве набљудува. Оние во брак ќе се соочат со љубомора и потреба за отворен разговор.
Здравје: Осетливост на грло.
Лав (23.7 – 22.8)
Работа: Ви пристигнува понуда која може да го смени текот на вашата кариера. Прифатете ризик, особено ако е поврзан со странство.
Љубов: Ви се допаѓа личност со која ве врзува заедничка работа. Слободните се подготвени за нешто сериозно и може да ја запознаат вистинската личност.
Здравје: Болки во колена.
Девица (23.8 – 22,9)
Работа: Ќе ви биде тешко да се фокусирате. Избегнувајте влегување во конфликти со колеги. Подобро е да се повлечете и да работите самостојно.
Љубов: Некој ќе ви предложи нешто сериозно, но вие не сте сигурни. Можност за кратка авантура со личност од работа.
Здравје: Главоболки поради напнатост.
Вага (23.9 – 22.10)
Работа: Периодов е идеален за екипна работа. Ви доаѓа нова идеја која може да ви донесе заработка и признание од претпоставените.
Љубов: Ќе запознаете личност преку пријатели. Ве привлекува некој со различни ставови од вашите, што ве фасцинира.
Здравје: Хормонален дисбаланс.
Скорпија (23.10 – 22.11)
Работа: Добивате признание за вашиот труд. Не е време за нови задолжувања, туку за консолидација на стекнатото.
Љубов: Ќе ве изненади интересот од личност која не сте ја забележале. Во врска, време е за искрен разговор и расчистување на недоразбирања.
Здравје: Пад на имунитетот.
Стрелец (23.11 – 21.12)
Работа: Се отвара можност за дополнителна заработка. Не ја одбивајте поканата за деловен настан или семинар.
Љубов: Влегувате во тајна врска со личност што е во врска или брак. Силни емоции и дилеми ќе ве придружуваат.
Здравје: Проблеми со несоница.
Јарец (22.12 – 20.1)
Работа: Преселба или патување поради кариера е на повидок. Можност за нова работа преку контакт од минатото, особено некој со авторитет.
Љубов: Ви се допаѓа личност од друго место. Можно е тајно допишување или романса на далечина.
Здравје: Исцрпеност.
Водолија (21.1 – 19.2)
Работа: Ви стигнува вест што ќе ви го подобри расположението. Ќе ви биде понудена водечка позиција или проект со влијание.
Љубов: Ќе добиете неочекуван подарок од партнерот. Слободните ги чека познанство во необична околина, можеби патување или културен настан.
Здравје: Добро, но избегнувајте стрес.
Риби (20.2 – 20.3)
Работа: Работата со странци носи стабилност. Не избрзувајте со одлуки, туку побарајте дополнителни информации.
Љубов: Ќе ве привлече мистериозна личност. Не брзајте со отворање на срцето, сè уште не е време за целосно предавање.
Здравје: Варење и метаболизам.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа