Приведен насилникот кој нападна малолетничка кај Мавровка
Шеснаесет годишната Р.А. вчера попладнето била нападната со нож пред трговскиот центар Мавровка.
Девојчето и 14 годишно момче започнале најпрво вербална расправија, по што истиот со остар предмет, најверојатно нож, и нанел две убодни рани во пределот на левата надколеница. По нападот момчето избегало, но набрзо е пронајдено и приведено. На малолетното девојче му е пружена лекарска помош во Градската општа болница.
12.11.2014 - 10:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа