Дејан Миличевиќ доживеа мозочен удар
Режисерот Дејан Миличевиќ доживеа мозочен удар. Тој се наоѓа во болницата Свети Сава во Белград и е во стабилна состојба.
Миличевиќ напиша на својот Инстаграм профил дека вчерашниот ден бил кобен за него и за многу луѓе кои во тој момент се нашле во негова близина.
„Фала му на Господ добар сум. Ќе го преживеам ова и ќе бидам уште посилен. Вчерашниот ден беше кобен за многумина. Му благодарам на тимот за мозочни удари во болницата „Свети Сава“ за брзата интервенција и деталната анализа и посветеност. Им благодарам на докторите, на моите сестри и брат ми кои престојот овде ми го прават сјаен“, напиша Миличевиќ на Инстаграм.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа