ВИДЕО: Потресна снимка од градинка во Сараево - воспитувачка крвнички малтретира момче, никој не реагира

 

На Фејсбук е објавено видео на кое се гледа како една воспитувачка во приватна сараевска градинка малтретира момче.

Видеото го објавил Зејд Шото, татко на детето, кој како што наведува, го малтретира воспитувачката Амила Хасечиќ.

„Нашето дете е добро, фала му на Бога, но другите деца се изложени на ризик и затоа сакаме друштвото да знае“, наопишал таткото.

Први знаци кои наговестувале дека нешто не е во ред, родителите ги забележале кога детето почнало грчевито да се бори за да не оди во градинка.

Воспитувачката која го малтретира детето на снимката, и понатаму работи со деца, но во друга градинка во Сараево.

 

 

 

24.10.2018 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега