Деца украле трактор, но тоа им било малку- со него стигнале до аеродромот и украле авион

 

Двајца малолетници се уапсени откако претходно украле авион од локалниот спортски аеродром.

Тинејџерите на возраст од 14 и 15 години од Јута, САД биле на кампување со пријателите кога прво украле трактор со кој дошле до приватниот авион каде украле и мал спортски авион.

Според зборовите на шерифот, тие летале многу ниско пред да бидат уапсени по нивното слетување на аеродромот.

По апсењето тие се однесени во казнениот дом за малолетници каде таму ќе останат извесно време.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.11.2018 - 23:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега