Славиме голем светец: Обичаи кои верниците денеска треба да ги почитуваат, направете го ова

 

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 јануари.

Денеска е  Св.Силвестер и св. Серафим Саровски.

Свети Силвестер се роди во Рим. Таму беше избран и за епископ (папа) на негови 30 години, во 314 година. Тоа е времето кога светиот цар Константин го симна христијанството од листата на забранетите религии, со што престана и прогонот на христијаните. Папа Силвестер добро управуваше со римската црква до 335 година, кога се упокои во Бога. Неговите мошти почиваат во гробничната црква изградена над катакомбата Свети Прискила во Рим. Денес се слави и споменот на свети Серафим Саровски. Се родил во Курск, Русија, во 1759 година. Се прослави како голем подвижник и молитвеник. Во последните години Господ го надари со чудотворство за полза на сите измачени што доаѓаа кај него. Се упокои во 1833 година на денешниов ден.

Свети Силвестер кај народот е познат како заштитник на домашните животни, но и како светец кој ги штити земјоделците и нивните имеоти, но и најавува добро лето. Според народните верувања денеска, оние кои ќе се помолат на овој светец, ќе имаат плодна година.

Сиромашните верувале дека со молитва за овој светец ќе се стекнат со изобилство.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.01.2019 - 17:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега