Ова е смрт за автомобилот, а сите тоа го правиме - навика на возачите која му наштетува на моторот

 

Навиката со автомобил да се поминуваат кратки дестинации - до трафика, пекара, продавница, може скапо да ве чини, бидејќи моторот за време на возењето не достигнува работна температура, а тоа може да предизвика сериозни дефекти.

Краткото возење од стотина метри го остава моторот незагреан. Тоа со себе влече последици - влагата не може да испари и се меша со маслото, се создаваат наслаги од нечистотија на ЕГР вентилот и другите делови на моторот. Опасностите се бројни.

Уште една опасност од ваквото возење е и мешањето на маслото со горивото. За жал, во тој случај не доаѓа до промена на маслото кое може да се види со голо око. Сепак, постои мал трик. Помирисајте ја шипката за мерење или извадете малку масло од неа и протријте со прстите за да помирисате. Доколку не почувствувате мирис на гориво, се е во ред.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.01.2019 - 21:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега