Халид Бешлиќ направи пластична операција
Популарниот пејач Халид Бешлиќ е опериран пред неколку денови во една болница во Минхен, пренесува „Аваз“.
Професорот Миломир Нинковиќ, кој е еден од водечките светски пластични хирурзи го оперира популарниот пејач, а за босанските медиуми потврди дека сега е се во ред.
Бешлиќ (65) правел реконструктивна операција на носот, бидејќи тешко дишел.
-Подлегнав на реконструктивна операција на носот. Со тек на време ми се влоши дишењето, а малку сакав и естетски да го поправам. Се договорив со професорот Нинковиќ тоа да го направам во Минхен. Лошо дишев и тоа ми сметаше. – рекол пејачот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа