Денеска е Свети Јован: Во раце никако не држете го овој предмет - испочитувајте ги овие обичаи

 

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 јануари.

Денеска е Собор на св. Јован Крстител.

Уште од првите векови Црквата утврдила овој ангел во тело да се прославува веднаш после празникот Боголавление. Тоа е затоа што неговата главна служба, неговото главно дело, се состоеше во подготвувањето на народот за доаѓањето на Помазаникот Исус. Така, иако свети Јован Претеча и Крстител се прославува на неколку пати во текот на годината, неговиот собор т. е. главен празник е на денешен ден.

На овој ден верниците не се веселат, а по можност декенска во раце не држат нож, во знак на сеќавањето на страдањето на Свети Јован. На овој ден не е убаво да се берат лековити тревки како што се кантарион, нане и слично.

Свети Јован се смета за Божји кум и затоа луѓето на овој ден треба да размислуваат и за своите желби, затоа што тој ќе го слушне.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2019 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега