Уапсен како терорист: Синот на легендарниот пејач се заканувал дека ќе активира бомба во авион
24-годишниот манекен во меѓувреме е пуштен, а како што открил еден од очевидците, Мајлс станал агресивен откако му било забрането да се качи во авионот.
За најбизарната приказна во 2019 година се погрижил синот на познатиот музичар.
Станува збор за синот на Лајонел Ричи, Мајлс, кого полицијата го уапсила на лондонскиот аеродром „Хитроу“, откако тврдел дека во торбата носи бомба, а потоа удрил и еден од вработените.
Според пишувањето на порталот ТМЗ, 24-годишниот манекен во меѓувреме е пуштен, а како што открил еден од очевидците, Мајлс станал агресивен откако му било забрането да се качи во авионот. Тогаш почнал да зборува дека ќе ја активира бомбата која се наоѓа во неговата торба.
Во меѓувреме удрил еден од вработените на аеродромот, а потоа го совладала полицијата. Полицијата го потврдила инцидентот, но не потврдила и дека станува збор за синот на познатиот музичар.
Мајлс има и попозната сестра Софија, која во светот на шоубизнисот се проби како бивша девојка на Џастин Бибер.
Лајонел Ричи не се огласил во врска со инцидентот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа