Елена Ристеска откри се: Дали после бракот и се случи љубов и дали сака дете

 

Македонската поп пејачка Елена Ристеска ретко гостува по ТВ емисии, а сега беше на гости кај Елена, во емисијата „Живот со стил“ каде говореше за приватноста.

Меѓу другото пејачката рече дека мисли оти за ниту една друга јавна личност од естрадата во Македонија не се пишувале толку невистини и глупости, колку за неа.

- „Имаше една таква ситуација, која се случуваше во повеќе наврати со мали и поголеми паузи… јас со тој човек не се сликав за медиуми, но не се ни криев кога излегувавме некаде заедно, како во ресторан, на пример. Сепак, кога ќе се замешаат трети, ситуацијата станува комплицирана и… иако никогаш не се знае, во моментов сепак сум во статус сингл“! – изјави Ристеска одговарајќи дали имала љубов по разводот.

Околу децата вели: 

-„ Човек пред се’ треба да сака да има дете. Сето ова што ние го правиме нема цел, ако немаме кому  како наследство да му го оставиме“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2019 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега