Фановите не можат да си поверуваат на очите: Џоли „уловена“ како продава кучешка храна во парк

 

Анџелина Џоли е затекната како продава храна за кучиња во паркот во Лос Анџелес, а нејзината колешка ја сподели фотографијата на социјалните мрежи.

Иако Сара Рамос не била среќна што ја нарушила интимата на Џоли, сепак таа објави фотографија од неа и нејзините три деца, како сите зедно, среде бел ден продаваат храна за кучиња, а парите од продажбата ја однеле во здружение кое се грижи за вдомување на напуштени кучиња.

„Не знам зошто Бог ме избра мене да ја раскажам оваа приказна, но пред неколку месеци отидов во паркот за кучиња и ја видов Џоли како продава органска храна за кучиња“ напишала младата актерка на својот Инстаграм профил пред два дена.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2019 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега