ВИДЕО: Некогаш само дете со голем сон, а денес светски првак - ова е првото интервју на Новак Ѓоковиќ

 

На седумгодишна возраст во своето прво телевизиско интервју, светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ знаеше што сака во животот, особено на полето – тенис.

Неговата желба како дете е одамна исполнета. За тоа сведочи ова видео, кое исто така одамна е објавено на социјалните мрежи, но секогаш служи како добро потсетување, особено за оние кои не веруваат во детските желби и соништа. Упорноста и силната волја кон нештата, на крајот секогаш се исплаќаат.

Па така, 31-годишниот српскиот рекет по седмиот освоен рекорден трофеј на Австралија Опен, дојде до бројката 15 Грен слем титули, доволно за да го надмине легендарниот Пит Самрас, а да им се доближи на Рафа Надал со 17 и Роџер Федерер на врвот со 20 освоени големи турнири.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.01.2019 - 08:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега