ФОТО: Студент завршил во болница во Кина - медицинската сестра му донела морничава порака

 

Порака од медицинска сестра од Кина за странски студент кој завршил во една тамошна болница стана хит на интернет откако сестрата се обидела на креативен начин да му објасни на студентот, дека утрината го чека операција.

Со оглед на тоа дека не зборува добро англиски јазик, медицинската сестра одлучила да ја напише пораката и да користи илустрации како замена за бзорови.

Во пораката напишала дека „вечерта после 22 часот не смее да јаде ниту да пшие“, а тоа што го нацртала после тоа заплашило многумина.

Со цртеж од крвав нож се обидела да му порача дека утредента во 8 часот го очекува операција, но таа порака многумина поинаку ја протолкувале.

-Ако не јадеш и не ја измишеш шолјата вечерва, утре наутро си мртов човек.

-Без храна и вода, утре наутро во 8 часот ќе те изедеме.

-Утре наутро меѓународен студент станува донатор за органи - се само некои од толкувањата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.01.2019 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега