Тука температурата е -70: Како изгледа животот во најстуденото место на светот

 

Малото село Ојмјакон се смета за најладното место на светот, со оглед на тоа декатаму просечната зимска температура изнесува минус 50 степени Целзиусови, а најниската забележана изнесувала дури 68 степени под нулата.

На ова место живеат дури околу 500 селани, кои Ојмјакон го нарекуваат „топол дом“ иако во преовд името на селото значи „незамрзната вода“.

Луѓето на ова подрачје се хранат главно со месо, кое е богато со протеини, но затоа пак зеленчукот е скоро невозможно да се одгледува и одржува. За храна главно се грижат самите, бидејќи во местото има само една продавница снабдена со намирници.

Со оглед на тоа дека тлото е секогаш замрзнато, повеќето купатила и тоалети се надвор од куќата.

За време на летото има и сонце, деновите траат и по 21 час, а температурите се околу 21 степени Целзиусови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.02.2019 - 22:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега