Ова е хит метода од харвардски доктор - ќе заспиете за една минута, луѓето ширум светот го потврдуваат тоа

 

Понекугаш ниту топлата купка, чајот од камилица или „броење овци“ не помага да заспиеме и покрај тоа што сме уморни.

Тоа се случува поради забрзаниот начин на живот и стресот кои не ни дозволуваат мислите да си ги смириме, туку ја забрзуваат циркулацијата во мозокот и во време кога би требало да спиеме.

Кога не сме опуштени во мислите и нашето тело е во грч, а тоа не придонесува за мирен сон.

Др. Ендрју Вејл, доктор школуван на Харвард, е голем поддржувач на техниката за дишење „4-7-8“ која ги опушта мускулите и ги чисти мислите, а се темели на древната индиска пракса, пишува Daily Mail.

аа техника се постигнува повеќе кислород да влезе во белите дробови, а со тоа и во целото тело, и така го опушта

Др. Вејл ја препорачува оваа техника, не само пред спиење, туку и во текот на денот кога сме под стрес. 

Спиење за 60 секунди:

1. Издишете го целосно воздухот низ уста со гласно шуштење
2. Затворете ја устата, вдишете тивко низ нос и во мислите бројте до 4
3. Задржете го здивот броејќи до 7
4. Повторно издишете , целосно извадете го воздухот и тоа нека трае осум секунди
5. Вдишете и повторете го овој циклус три пати за вкупно четири вдишувања

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.02.2019 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега