„Никогаш нема да си го простам тоа" - Шабан пред смртта откри за што жали најмногу

 

Шабан Шаулиќ во повеќе интервјуа кажа за што не може да си прости во животот.

- Моите родители беа добри и вредни луѓе, не беа богати, но ништо не ни фалеше. Татко ми се бавеше со лотарија, а мајка ми продаваше играчки, а имаше прекрасен глас. Мајка ми кога успеав велеше го наследи мојот талент, храброст и памет. Со 13. години беше во Партизаните, беше храбра жена, рече во едно интервју кралот на народната музика.

Никогаш не си простил што не можел да го испрати татка си во вечниот дом.

- Бев на трунеја во Австралија, не ни можев да се вратам веднаш и да сакам, се беше распродадено. Бев скршен, пеев и плачев, рече тој во една прилика.

Додаде дека никогаш нема да може да си го прости тоа, но тоа е црната и тешка страна на кариерата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2019 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега